Крушопек
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крушопек — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2021 година, селото имало население од 2.017 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 31 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 98 мажи муслимани, со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 212 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 262 жители.[3]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 200 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[7]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.902 жители, од кои 1.899 Албанци и 3 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.017 жители, од кои 4 Македонци, 1.977 Албанци, 1 Бошњак, 2 останати и 33 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Крушопек e албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:
- Доселеници: Шишколар (20 к.) најстар селски род во селото. Основачот на родот се доселил од Горна Река пред околу 250 години; Кривогас (18 к.) доселени се после претходниот род. Доселени се од некое село во Долна Река. Основачот на родот бил македонски муслиман, кој говорел само македонски. Но поради мешањето со доминантно албанското население тие сега го употребуваат албанскиот јазик и се сметаат за Албанци; Фичор (16 к.) доселени се од некое село во Горна Река. И сега имаат роднини во некое горнореканско село; Незиралар (20 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Торбешалар (22 к.) најмлади доселеници. Нивното потекло е од некое село во Долна Река. Од истото село како и родот Кривогас. Основачот на родот зборувал само македонски. Го знаат следното родословие: Мемет (жив на 70 г. во 1951 година) Ибраим-Нуредин-Јусуф-Рустем, основачот на родот кој се доселил. После родот Торбешалар никој не се доселувал во селото, и отогаш селото растело само по природен прираст.[14]
Remove ads
Иселеништво
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads