Награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мито Хаџивасилев Јасмин претставува државна награда, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.[се бара извор] Се доделува на 21 декември - денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев Јасмин.[1] Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.

Добитници

  • 2007 - публицистика - Иван Глигоровски и новинарство Стојан Тренчевски;[2]
  • 2008 - публицистика - Томе Неновски (публицист) и на Кадрие Зејнулаху (филолог и новинар во Македонско Радио) и новинарство Горан Момировски, новинар на А1;[3]
  • 2009 - публицистика - Махи Несими за делото „Обесчестена волја“ - парламентарни избори 2008 година, новинарство не е доделено;[4]
  • 2010 - публицистика - Виктор Габер, амбасадор за книгата „Името Македонија - историја, право, политика“ и новинарство на Слободанка Јовановска, новинарка на „Утрински весник“ за деценистата работа;[5]
  • 2011 - во областа на публицистиката - Тина Иванова Бејков, публицист. Во остварување во областа на новинарството - Драган Антоновски и Предраг Димитровcки, новинари;[6]
  • 2012 - публицистика- Свето Стаменов и Блерим Исени, новинарство - Зоран Трајчевски и Мира Костиќ [7]
  • 2013 - публицистика - Волф Ошлис , новиварство - Паца Лазарова [8]
  • 2014 - публицистика - Борче Грозданов, новинарство- Мирела Саити и Фиданка Танаскова [9].
  • 2015 - публицистика - Игор Анѓелков и Мишо Нетков [10]
  • 2016 - публицистика - Аљуш Камбери , новинарство- Тони Димков [11]
  • 2017 - не е доделена.[12]
  • 2018 - публицистика - Марина Костова, новинарство - Емин Аземи[13]
  • 2019 - не е доделена.[14]
  • 2020 - не е доделена.[15]
  • 2021 - публицистика - Томислав Кежаровски и Тошо Филиповски, новинарство - Аделина Марку и Марјанчо Николовски
  • 2022 - публицистика - Александар Трајковски, новинарство - Лаура Папранику-Бејтула[16]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads