Наследна монархија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Наследната монархија е форма на владеење и начин на наследување на власта во која тронот преминува од еден член од владејачко семејство на друг член од истото семејство. Низа владетели од исто семејство би сочиниле династија.

Дел од темата „Политика“ on
Монархизам

Thumb
Портал „Монархија“
Портал „Политика“

Наследната монархија бил најчест тип на монархија низ историјата, а останува доминантна форма и во денешните монархии. Нејзини предности се континуитетот на концентрација на моќта и богатството и најчесто однапред се знае кој ќе биде следен монарх. Голем недостаток на наследната монархија е тоа што престолонаследникот понекогаш може да е физички или привремено неподготвен (неспособен) да владее.[1] Други недостатоци се тоа што народот не може да го избере својот шеф на држава, ригидната распределба на богатството и моќта и континуитетот на застарените верски и социјално-економски структури кои најчесто се во корист на монарсите, нивните семејства, и нивните поддржувачи.[2]

Во повеќето денешни наследни монархии, обично редоследот на наследување користи одредена форма на првородство, но има и други методи како што се сениорат (правото на наследување му припаѓа на најстариот член на семејството, за разлика од првородството, каде што правото му припаѓа на најстариот син) и танистрија (во којашто наследникот се избира од квалификуваните кандидативо семејството).

Истражувањата покажуваат дека наследните владеења, а особено првородството, се постабилни од облиците на авторитарно владеење со алтернативни начини за наследување на власта. [3] [4] [5] [6] [7] [8]

Remove ads

Наследување

Thumb
Царот Нарухито е наследниот монарх на Јапонија. Јапонската монархија е најстарата континуирана наследна монархија на светот . [9]

Теоретски, кога монархот во наследна монархија ќе почине или абдицира, круната обично преминува на следната генерација од семејството. Ако нема дете кое може да го наследи, круната може да премине на брат, сестра, внук, внука, братучед или друг роднина, во согласност со однапред дефиниран редослед на наследување, најчесто наведен во закон. Ваквиот процес однапред утврдува кој ќе биде следен монарх и се избегнуваат споровите меѓу членовите на кралското семејство.[10]

Наследната линија може да биде патрилинеална, во која владеењето се пренесува од татко на син, или матрилинеална, т.е. со посредство на ќерката кога круната обично преминува од монархот на зетот. (на пр. во најстарата Кинеска Империја)

Remove ads

Поврзано

  • Список на наследни монархии
  • Семејна диктатура
  • Престолонаследник
  • Патрилинеарност

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads