Натанаил Кучевишки

македонски свештеник, писател и револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Натанаил Кучевишки
Remove ads

Натанаил Кучевишки познат и како Натанаил Охридски и Пловдивски или Натанаил Зографски (родено световно име: Нешо Стојанов Бојкикев; 26 октомври 1820 18 септември 1906 ) — егзархиски митрополит на Бугарската егзархија[1] и помaгач на македонското револуционерно ослободително движење во времето на Големата источна криза.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Ран живот и образование

Роден е во село Кучевиште, Скопско во 1820 година, како прво дете на Стојан и Стоја Бојкикеви. Натанаил своето прво образование го стекнал во богатата библиотека на Кучевишкиот манастир „Свети Архангел“, каде учел од 1826 до 1829 година. Потоа продолжил во манастирот „Благовештение Богородично“ крај Побоже (1829–1832) и во келијното училиште при црквата „Свети Спас“ во Кучевиште. Во 1832 година учел во Скопје кај даскал Никола, а во 1835 година заминал за Самоков, каде продолжил со своето образование кај учителот Никола Тонџоров, и каде што учел заедно со Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Thumb
Буквар славено-българскiй, Букурешт, 1865

Потоа заминал во Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора (1837) завршува духовна богословија во Одеса и духовна академија во Киев. Извесно време повторно престојува на Света Гора, а потоа управува со Добровецкито манастир во Молдавија.

Охридски митрополит

По формирањето на Бугарската егзархија е ракоположен за прв егзархиски митрополит во Охрид. За време на престојот во овој град (1874-1877) доаѓа до конфликт со Григор Прличев и тамошното граѓанство. Протеран е од Охрид во Цариград на почетокот на Руско-турската војна (1877-1878) од страна на турските власти кои се сомневале во неговата лојалност.

Преминување во Бугарија

Thumb
Митрополит Натанаил во 1892 година

Од таму тајно се префрла во Пловдив по неговото ослободување од руските војски каде ќе престојува кратко време. Потоа преку Софија пристигнува во Ќустендил и станува еден од организаторите на Македонското (Кресненското) востание. Формира доброволечки чети и благотворителни комитети во пограничните реони на Бугарија спрема Отоманското Царство и се поврзува со познатите македонски војводи Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски.

Сепак во пресудните моменти застанува на страната на софискиот комитет „Единство“ кој ги застапувал бугарските интереси во Македонија, но неговите заложби успеваат да го спасат од ликвидација и да го ослободат од ќустендилскиот затвор Димитар Поп-Георгиев Беровски. По неуспехот на востанието егзархијата го назначува за управник во Ловчанската епархија. Од 1891 до крајот на животот е на функцијата митрополит во Пловдив.

Автор е на трудови со црковно-историски и автобиографски карактер каков што е „Жизнеописание митрополита охирдско-пловдискаго Натанаила-автобиографични бележки“.

Remove ads

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads