Град (метеорологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Град е назив за врнежи во облик на топчиња мраз. Ваквиот вид врнежи нанесува големи штети во земјоделството и се сметаат за временска непогода.

Повеќе информации Годишни времиња, Бури ...
Remove ads

Појава

Се случува силните воздушни струи да ги одвлечат водените капки од облаците (кумулонимбуси) во повисоките слоеви каде температурата е пониска. Таму овие капки замрзнуваат и добиваат облик на топче, односно се претвораат во град. Кога влезното струење што ги понело тие капки веќе нема да може да ја одржи нивната тежина, замрзнатите топчиња паѓаат на земјата.

Големина

Најчесто овие замрзнати топчиња не се поголеми од 5 мм, но се случува да бидат и поголеми и да нанесат големи штети, па дури и да бидат опасни по здравјето и животот на луѓето.

Летото 2001 година во италијанската област Венето паѓал град со големина на кајсија и ги уништил посевите. На границата меѓу САД и Канада во 1998 година паѓал град цели девет денa, поради што повеќе од еден милион луѓе останале без електрична енергија и храна. Град со најголеми димензии паднал во Бангладеш во 1986 година при што тежината на пооделни топчиња мраз изнесувала дури и еден килограм. За време на оваа непогода загинале 92 луѓе.

Во Ориент, Ајова, САД, во август 1980 година, паднале големи количини град, при што длабочината на наносите изнесувала и до 2 метри, поради што морале да се расчистуваат со машини. На 11 јули 1990 година, град со големина на бејзбол топче во градот Денвер, Колорадо, предизвикал материјална штета од 625 милиони долари, главно кај автомобили и покриви на куќи. Четириесет и седум лица во еден забавен парк биле сериозно повредени кога прекинот на струјата ги заробил додека се наоѓале на големо тркало (Ferris wheel) и биле погодени од град со големина на безјбол топче.[1]

Thumb
Град насобран во сад за врме на врнежи
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads