Каракамен

From Wikipedia, the free encyclopedia

Каракаменmap
Remove ads

Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.

Кратки факти Каракамен, Највисока точка ...

Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Иматија (Берско) на југосток.

Планината се дели на два дела: северниот се нарекува Негушка Планина или Дурла (Турла), а јужниот — Докса. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.[1]

Remove ads

Во народното творештво

Планината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:[2]

Дафино вино црвено
Момчето ти е заспало
На Каракамен планина
На сува рида без вода.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads