Неделко Килев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Неделко Килев
Remove ads

Недeлко или Неделчо или Кирjaк Георгиев Килев бил тракијски[1] револуционер со бугарско потекло од Западна Тракија,[2] деец во Одринскиот револуционерен округ. Истиот бил учесник во Македонскиот комитет и подоцна во Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Недeлко Килев, Штерију Георгиев, непознат и Атанас Тропчов (Тропчев), Чепеларе, 1899 година

Килев е роден во 1882 година во Скечанското село Крстополе, тогаш во Османлиското Царство, денес Ставруполи, Грција. Учи во своето родно село. Потоа го продолжува образованието во Одринската егзархиска машка гимназија и под влијание на наставникот Петар Стоев, се вклучува во илегален училиштен кружок.

Во учебната 1897-98 година во гимназијата станува училиштен бунт, како промотори на бунт се членови на училиштен револуционерен кружок. Така Неделко заедно со уште 30 свои соученици е исклучен. Потоа се сели во Чепеларе, Бугарија, каде што во 1899 година завршува трето одделение. Таму исто така членува во револуционерниот кружок, предводен од учителот Андон Дечев.

Се враќа во Крстополе, но во пролетта 1901 година се придава на четническа активност под раковоството на Чепеларскиот револуционерен пункт, извршува терористички задачи. Учествува во сите походи на околиската чета. Кога ракјоводителот на Чепеларскиот пункт Константин Антонов го напушта Чепеларе во 1902 година, Килев заминува со него и го обиколува реонот покрај Марица.

Подоцна заедно со Стефан Чакаров, Дедо Петар и Александар Филипов ги обиколува Ѓумурџинско и Скеча. Во 1903 година станува војвода во Дедеагачко. Во август 1903 година за време на востанието, четата му врши терористички напад на железничката линија Солун-Дедеагач меѓу Чобан и Ќосемџид и ја прекинува.[3]

По Преображенското востание семејството на Килев се преселило во Асеновград, Бугарија, а тој заминал за Одеса. Таму Неделко работил во тутунска фабрика и се оженил за Роза Подкович, Русинка. По пет години двајцата се вратиле назад во Бугарија. Килев се среќнал со претставник на Британската Јужноафриканска компанија, кој барал експерти за одгледување на ориентален тутун, и потпишал со него работен договор. Така во 1908 година Килев заминал за Јужна Родезија. Во 1915 година семејството купуло земја и создало своја фарма за тутун. Во 1923 година тие купуиле нови 600 хектари и Килев станал еден од најголемите производители на тутун во Јужна Родезија. Неделко изградил неколку сиропиталиштата - во Јужна Родезија, Јужна Африка и Канада. Построил еден дом за одмор на родезиските војници кои учествувале во Втората светска војна на страната на Сојузниците. Станал еден од основачите на компанијата за поддршка на СССР за време на војната, донирал пари на болници. Килев умрел од срцев удар во 1944 година во Кејптаун. Денес "K. Kileff Zimbabwe Pvt. Ltd." е најстарата тутунска компанија во Зимбабве.[4]

Христо Караманџуков пишува за Килев:

Килев пројави долготрајна и богата активност во Западна Тракија како терорист, храбар, верен и дисциплиниран четник... Имено, тој ги изшета како револуционер сите околии и мина низ сите села во Западна Тракија, неговото име се знае и памети од сите скоро по први, а и од позадните дејци на револуционерната организација во оваа област. [5]
Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads