Ненад Томовиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ненад Томовиќ
Remove ads

Ненад Томовиќ (роден на 30 август 1987 година) — српски фудбалер, играч од одбраната на СПАЛ и на српската репрезентација.

Кратки факти Ненад Томовиќ, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Томовиќ започнал да игра фудбал во екипата на Раднички од Крагуевац. Во 2003 година се преселил во Белград каде што најпрво играл за екипата на Рад, а во 2005 година потпишал за Црвена Ѕвезда. За Црвене Ѕвезда дебитирал во натпревар против Зета, во периодот кога црвено-белите од клупата ги водел Валтер Ѕенга. Меѓутоа тоа му бил единствениот настап за таа сезона, а потоа се вратил на две-годишна позајмица во екипата на Рад. Сепак, на половина од неговата втора сезона на заем во Рад, бил повикан да се врати во Црвена Ѕвезда на барање на тренерот Александар Јанковиќ.

Во летото 2009 година потпишал за италијанската Џенова за 3.5 милиони евра. Дебитирал во Серија А на 30 август 2009, во натпревар против Аталанта.

Во јануари 2011 заминал на позајмица во Лече[1], каде поминал една и пол сезона како позајмен играч. На 31 август 2012, потпишал за Фјорентина.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Томовиќ настапувал за српската репрезентација под 21 година во периодот од 2007 до 2009 година и бил член на репрезентацијата која настапила на Европското првенство во 2009. Исто така учествувал и на Олимписките игри 2008 во Пекинг.

За сениорската репрезентација дебитирал на 14 декември 2008 во пријателски натпревар против Полска, одигран во Анталија.

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads