Нерав

село во Општина Крива Паланка From Wikipedia, the free encyclopedia

Неравmap
Remove ads

Нерав — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Нерав се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 23,75 квадратни километри. На север се граничи со општината Трговиште, Република Србија, на североисток со селото Огут, на исток со селото Метежево и на југозапад со Општина Ранковце.

Историја

Во XIX век селото било дел од Прешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нерав живееле 390 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нерав имало 984 Македонци, патријаршисти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото има вкупно население од 175 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 117 Македонци и 4 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Нерав е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Балабановци (13 к.), Којкарци (1 к.) и Парапунци (19 к.) доселени се, но не знаат од каде. Балабановци се најстар род во селото, доселени се пред околу 270 години; Поповци или Асанци (13 к.) и Маринковци или Суљаци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Прешево во Србија. Во првиот род се знае следното родословие: Радич (жив на 40 г. во 1950 година) Бојко-Анто-Белко-Младен-поп Јован, кој се доселил во селото. Вториот род е гранка од првиот; Нејковци (34 к.) и Цветановци (3 к.) доселени се од селото Железница кај Кратово. Вториот род е гранка од првиот; Барци (9 к.) доселени се од селото Криви Камен; Љубарци (1 к.) доселени се од селото Подржи Коњ, каде имале истоимени роднини.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[12]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Селото Нерав највеќе имало 107 куќи, но потоа постепено се намалувало поради иселување. Постари иселеници од ова село се знаат следните родови. Селата Петровац и Горновац кај Трговиште во Србија ги основале иселеници од селото Нерав. Од тие иселеници се знаат следните родови: Стојчаци (4 к.), Илинци (4 к.) и Биволарци (7 к.) во Петровац. Потоа Дедо-Менковци (6 к.), Баба-Ружинци (2 к.), Среднортинци (4 к.), Попарејци (2 к.) и Орничани (3 к.) во Горновац. И селото Мездраја кај Трговиште го имаат основано тројца браќа кои биле од селото Нерав. Од тие тројца браќа се следните родови Гарејци (2 к.), Марковци (2 к.), Вржевци (1 к.) и Стевановци (5 к.). Потоа некој Цветко од Нерав се иселил во селото. А од ова село иселеници од постаро време има и во многу села низ јужна Србија (Врање, Трговиште, и други места). После војните од ова село се иселиле и на следните места: Тиквеш, Овче Поле и во Банат во Војводина.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads