Нејски мировен договор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нејски мировен договор
Remove ads

Нејски мировен договор — договор потишан на 27 ноември 1919 година во Неј на Сена во близина на Париз[1][2], помеѓу земјите победнички во Првата светска војна и Бугарија како претставник на поразените. Договорот стапил во сила на 9 септември 1920 година.

Кратки факти Потпишан, Место ...
Remove ads

Територијални отстапки

Договорот и наложил на Бугарија да отстапи различни територии како поразена страна.

Така, според договорот, Бугарија требало:

  • да ја предаде Западна Тракија на Антантата (која пак ја доделила на Грција на конференцијата во Санремо), прекинувајќи го директниот излез на Бугарија во Егејското Море. Размена на население (не било задолжително) следело помеѓу Бугарија и Грција.
  • да отстапи површина од 2.563 км2 на својата западна граница со Кралство СХС.
  • да ја врати Добруџа, која според Букурешкиот договор била делумно отстапена на Бугарија и делумно на Централните сили на Романија, со што била вратена границата утврдена со Букурешкиот договор од 1913 година.
  • да ја намали својата војска на 20.000 војници.
  • да плати репарации од 100 милиони фунти.
  • да го признае постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Церемонијата на потпишување била одржана во Градското собрание на градот[3].

Во Бугарија, резултатите од договорот се популарно познати како Втора национална катастрофа. Подоцна Бугарија ја вратила Јужна Добруја како резултат на договорот од Крајова.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads