Никополски Санџак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Никополски Санџак (турски: Niğbolu Sancağı; бугарски: Никополски санджак) ― санџак во Отоманската Империја, со Никопол (во денешна Бугарија) како административно средиште. Санџакот бил основан надвор од териториите на Видинското Царство, по Битката кај Никопол во 1396 година.

Кратки факти
Remove ads

Администрација

Најраниот дефтер на Никополскиот Санџак е составен во средината на XV век. Една група изучувачи го датирале овој дефтер во 1430 година, додека друга група изучувачи го датирале со 1479/1480 година.[1] Ова е првиот османлиски дефтер во кој биле споменати Ромите, кој живеел во 431 домаќинство или 3,5 отсто од домаќинствата во овој санџак.[2]

Административна поделба

Во собраните белешки на Евлија Челебија (средината на XVII век) како еден од 24-те османлиски санџаци во Румелија, е споменат Никополискиот Санџак со 20 зијамети и 244 тимари и приход од 40.000 акчиња.[3] Во средината на 19 век имало 15 кадилаци.[4]

Санџак-бегови

Бугарскиот историчар Руси Стојков верувал дека Скендербег бил спомнат во 1430 година на османлискиот дефтер како санџак-бег на Никополскиот Санџак.[5] Според ова гледиште тој бил назначен на оваа положба набргу откако бил избран за функцијата санџак-бег на Дебарскиот Санџак. Турскиот историчар Халил Иналџик објаснил дека за Скендербег „ова било голема промоција бидејќи Никопол бил еден од најголемите санџаци на европска Турција“.[6] Историчарот Страшимир Димитров го датирал овој дефтер во 1479–1480 година и верувал дека Искандер-бег споменат во него не е Скендербег, туку некоја друга личност која била на функцијата мирлива во Никопол.[7]

За време на владеењето на султанот Мурат II санџак-бег бил Мехмед-бег, син на Фируз-бег.[8]

Во март 1834 година, Хусеин-паша бил назначен за санџак-бег на Никополскиот Санџак и Видинскиот Санџак.[9]

Remove ads

Економија

Никополскиот Санџак бил еден од шесте османлиски санџаци со најразвиено бродоградба (покрај Смедеревскиот, Видинскиот, Пожешкиот, Зворничкиот и Мохачкиот Санџак).[10]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads