Нимрод

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нимрод
Remove ads

Нимрод (хебрејски: נמרוד), во некои преводи Неврод — според различни древни текстови била моќна библиска личност опишана првенствено во Танахот. Традиционално се смета за истакнат водач и моќен владетел во Месопотамија, за кој се верува дека владеел во градот Вавилон и другите делови на Стара Асирија. Во книгата Битие, Нимрод е претставен како син на Хуш, правнук на Ное и внук на Хам. Тој е прикажан како вешт ловец и градител на градови, вклучувајќи го и градот Вавилон. Името на Нимрод станало синоним за силен воин или тирански владетел поради неговата честољубива и влијателна природа во древните времиња.[1]

Thumb
Нимрод, од Дејвид Скот, 1832 г.

Подоцнежните традиции и толкувања надвор од Библијата додале слоеви на приказната на Нимрод, понекогаш прикажувајќи го како симбол на човечката побуна против божествената власт. Меѓутоа, библиската и вонбиблиската традиција го поврзуваат со изградбата на Вавилонската кула.[2]

И Арапите верувале дека Нимрод е одговорен за урнатините на многу древни градови во Месопотамија.[3] Еден од овие градови, откриен од археолозите во XIX век, е наречен Нимруд по неговото име. Освен тоа, тврдина изградена од Ајубидите на планината Хермон во XIII век станала позната како Тврдината на Нимрод од Друзите од XIX век па наваму.[4]

Remove ads

Библиско сведоштво

Првото спомнување на Нимрод се појавува во Табелата на народите, каде што е наведен како син на Хуш, внук на Хам и правнук на Ное. Тој е опишан како „силен човек на земјата“ и „моќен ловец пред Бога“. Овој опис се наоѓа и во Првата книга на Летописите.

Според традицијата, царството на Нимрод започнало во градовите Вавилон, Урук, Акад и Халне во земјата Шинар (која е во Месопотамија).[5]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads