Новак

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Новакmap
Remove ads

Новак — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано како Новак село во XVI век (1583 г.). Името на селото всушност доаѓа од Новаци, а Новак го користат Турците бидејќи во својот јазик го немаат гласот „ц“. Може да доаѓа од личното име Новак, или пак од новак со значење новодојден.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 22 километри.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 628 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 115 хектари, а на шумите само 9 хектари.[3]

Селото, во основа, има главно полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 150 домаќинства со 280 жители муслимани (Турци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новак живееле 600 жители, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[7]

Во 1961 година, селото броело 537 жители, турско население, додека во 1994 година бројот значително се зголемил и тогаш селото броело 949 жители, исто така, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Новак броело 1.006 жители, од кои 1.003 Турци и 3 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 751 жител, од кои 703 Турци, 3 останати и 45 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Новак е турско село.[14]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Стари доселеници: Шемшилер (9 к.), Сулолар (3 к.), Арифлар (5 к.), Науфлар (3 к.), Реџеплер (6 к.), Аболар (5 к.), Муртолар (5 к.), Асанлар (12 к.), Перзилер (2 к.), Иљазлар (4 к.), Ајдарлар (8 к.), Исалар (2 к.), Џеладинлар (3 к.), Муратлар (4 к.), Умерлер (5 к.), Арсанлар (5 к.), Беќирлер (6 к.), Селманлар (6 к.), Алилар (2 к.), Меметлер (7 к.), Аметлер (7 к.), Емролар (6 к.), Арсланлар (5 к.), Алилар (6 к.), Амзалар (7 к.), Фератлар (5 к.), Љабурлар (4 к.) и Мустафалар (5 к.).

Иселеништво

Турски иселеници од селото до 1954 година има во Ресен, и во Турција (околу 30 семејства), во градовите Адапазар, Истанбул, Бергама, Измир, Мелемен и Одрин.[14]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Thumb
Селската џамија

Кон крајот на XIX век, Новак било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0569 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.057 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.124 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Џамии[18]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads