Нова Кавала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нова Кавала (грчки: Νέα Καβάλα, Неја Кавала) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.127 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Солунското Поле, околу 4 км источно од градот Ругуновец.[2]
Историја
Селото е основано во 1930-те години со пресушувањето на Арџанското Езеро,[3] на место кое дотогаш било под вода. Во новосоздаденото село се населиле луѓе од Кавала, кои биле Грци доселени од Мала Азија и времено сместени во тој град.[2] Во прво време државата им изградила седумдесет живеалишта, и ја нарекло населбата Евдоминада — име кое го означува овој број. Подоцна е преименувана по градот од којшто дошле.
Нова Кавала за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 361 жител, но оттогаш населението е во опаѓање.[2]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Земјиштето е мошне плодно. Се одгледуваат памук, пченица, пченка, бостан и други земјоделски производи. Развиено е и краварството.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads