Нова Ловча

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нова Ловчаmap
Remove ads

Нова Ловча (бугарски: Нова Ловча) — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Нова Ловча, Земја ...
Remove ads

Историја

Според Јордан Н. Иванов, името на селото доаѓа од Ловча (шума, ливада), старословенски ловьць, ловьчь. Месното име е ловчанин, ловчанка, ловчане.[3]

Селото било основано по Балканските војни, каде селото Ловча во Неврокопско останало на територијата на Грција, на 100 метри од новата граница. Во 1926 - 1927 година, според договорот Молов - Кафандарис, некои од жителите на Ловча мигрирале 1-2 километри во Бугарија и го основале новото село, додека некои се населиле во Неврокопско и Плевенско.

1/3 од Ловчанското поле останало на територијата на Бугарија и 2/3 во границите на денешна Грција. Од старото село е зачувана само црквата „Св. Архангел Михаил“, а остатокот е во урнатини. На 8 ноември се чествува празникот посветен на Свети Архангел Михаил секоја година во црквата. Интересни се бројните траги од промена на натписите на фасадните фрески.[4]

На Ивановден или Атанасовден има куклен карневал, а селскиот панаѓур е на 20 јули, на празникот Илинден.

Во селото има две цркви - гробишната црква „Свети пророк Илија“ и „Свети Архангел Михаил“, именувана по преостанатата црква во Грција и изградена со личен труд на голем дел од жителите на селото.

Remove ads

Географија и местоположба

Нова Ловча се наоѓа во подножјето на планината Славјанка, веднаш до бугарско-грчката граница. Површината на селото е 12.938 2 км. Селото се наоѓа на надморска височина од 700-999 метри.

Релјефот е претежно ридски и рамен на исток. Почвите се кафеави. Во близина на селото има река која се суши, која извира кај селото Парил и се храни главно од дожд. На 1-2 км источно од селото се наоѓа мало вештачко езеро кое исто така се храни од дожд и се користи за стопански активности.

Климата е континентално-медитеранска. Се карактеризира со топли и суви лета и студени зими. Просечната температура во лето е 24-25 °C. Зимата е студена и блага со ниски температури. Максималната температура во зима е 1-2 °C. Врнежите се околу 600-700 мм годишно. Во лето дува слаб до умерен ветер. Снежната покривка во зима достигнува и до 1 метар.

Една од најпознатите билки, Планински чај (Sideritis scardica), познат и како Мурсалски, расте на планините Славјанка, заедно со многу други заштитени видови и животни. Видот е заштитен со Зелената книга за растителни видови.

Remove ads

Население

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[5]

Број на население
Вкупно68
Бугари68
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор-

Културни и природни знаменитости

Личности

Родени
  • Запро Икономов (1929 – 2015), бугарски фолклорист
Починати
  • Алекса Костов (1865 - по 1943), македонски револуционер
  • Ѓорѓи Борунсузов (1881 - след 1943), македонски револуционер
  • Димитар Иванов Великов (1873 - по 1943), македонски револуционер

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads