8 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 8 ноември — 312-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (313-и во престапна година). Остануваат 53 денови до крајот на годината.
Настани:
| 392 | Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија. |
| 1620 | Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство. |
| 1793 | Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј. |
| 1889 | Монтана станала 41-ва држава на САД. |
| 1895 | Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците. |
| 1932 | Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД. |
| 1941 | Основана е Комунистичката партија на Албанија. |
| 1944 | НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга. |
| 1960 | Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД. |
| 1977 | Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. |
| 1995 | Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет. |
| 1995 | Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа. |
| 2016 | Доналд Трамп е избран за претседател на САД. |
Родени:
| 30 | Нерва — римски цар. |
| 1622 | Карл X — крал на Шведска. |
| 1656 | Едмонд Халеј — англиски астроном, геофизичар, математичар и физичар. |
| 1837 | Илија Чавчаваѕе — грузиски писател, поет и новинар. |
| 1848 | Готлоб Фреге — германски математичар. |
| 1868 | Феликс Хаусдорф — германски математичар. |
| 1875 | Милан Матов — македонски револуционер. |
| 1878 | Димитрија Чуповски — организатор и афирматор на македонската национална мисла. |
| 1878 | Димитар Влахов — македонски револуционер — политичар и публицист. |
| 1900 | Маргарет Мичел — американска писателка. |
| 1906 | Михаило Апостолски — македонски академик — народен херој и генерал-полковник. |
| 1920 | Божидар Видоески — македонски писател, македонист, јазичар и член на МАНУ. |
| 1922 | Адемир — бразилски фудбалер. |
| 1935 | Ален Делон — француски глумец и режисер. |
| 1937 | Драгослав Шекуларац — српски и југословенски фудбалер. |
| 1938 | Миња Субота — српски композитор, музичар и забавувач. |
| 1942 | Сандро Мацола — италијански фудбалер. |
| 1942 | Стив Милер — американски блуз-музичар. |
| 1946 | Станислав Караси — српски и југословенски фудбалер. |
| 1946 | Гус Хидинк — холандски фудбалер и тренер. |
| 1958 | Дон Бајрон — американски џез-музичар. |
| 1977 | Јусуп Абдусаломов — таџикистански борач. |
| 1980 | Луис Фабијано — бразилски фудбалер. |
| 1983 | Бланка Влашиќ — хрватска атлетичарка. |
| 1983 | Павел Погребњак — руски фудбалер. |
| 1991 | Никола Калиниќ — српски кошаркар. |
| 1996 | Рјоју Кобајаши — јапонски скокач на скии. |
| 1999 | Исак Бонга — германски кошаркар. |
Починале:
| 618 | Адеодат I — римски папа. |
| 955 | Агапит II — римски папа. |
| 1719 | Мишел Рол — француски математичар. |
| 1226 | Луј VIII — француски крал. |
| 1647 | Џон Милтон — англиски поет. |
| 1890 | Сесар Франк — француски композитор. |
| 1945 | Атанас Лозанчев — македонски револуционер. |
| 1953 | Иван Бунин — руски писател. |
| 1999 | Леон Штукељ — југословенски гимнастичар. |
| 2011 | Валентин Иванов — руски и советски фудбалер. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads