Поткралство Нова Шпанија

поткралство на Шпанското Царство од 1535 до 1821 г. From Wikipedia, the free encyclopedia

Поткралство Нова Шпанија
Remove ads

Поткралство Нова Шпанија (шпански: Virreinato de Nueva España) — поткралство кое било под директно влијание на Кралство Шпанија во периодот од 1535 до 1821 година. Териториите на ова поткралство се наоѓале во Северна Америка, односно териториите на денешните држави: Мексико, југозападните делови на САД и Флорида, Гватемала, Белиз, Никарагва, Салвадор, Костарика и Куба, како и Филипините и други острови во Тихи Океан.

Кратки факти Поткралство Нова ШпанијаVirreinato de Nueva España, Статус ...

Нова Шпанија била раководена од страна на поткрал, кој бил директно назначуван од страна на кралот на Шпанија. Првиот поткрал на Нова Шпанија бил Диего Колумбо, син на Кристофер Колумбо кој во 1509 година градот Санто Доминго го избрал за своја престолнина. По 26 години, престолнината била преместена во Град Мексико.

Улогата на поткралот во поткралството дирекно ја определувал кралот на Шпанија. Тој командувал со војската, избирал кандидати за виши црковни училишта, имал контрола врз сите колинии во северна и Јужна Америка, но немал право да воведува нови закони и неговиот мандат бил ограничен.

По поразот во 1821 година од страна на мексиканците предводени од Агустин де Итурбид, Шпанија ги загубила сите територии во Северна Америка. Куба и Филипините останале под нејзиното владеење до 1898 година.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads