Гватемала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гватемала
Remove ads

Гватемала (шпански: Guatemala), официјално Република Гватемала (República de Guatemala) — држава во Средна Америка. На север и запад се граничи со Мексико, на северозапад со Белиз и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Кратки факти Република Гватемала República de Guatemala (шпански), Службен јазик ...

Вкупната површина на Гватемала е 108.890 км2 каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град Гватемала и Гватемала има 23 службени јазици. Гватемала е претседателска република. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.[6]

Remove ads

Потекло на поимот

Потеклото на името Гватемала не е сосема познато, но биле предложени неколку теории за истото. Првата теорија вели дека името „Гватемала“ потекнува од мајанско-толтечкиот јазик што во превод би значело „земја на дрва“. Друга теорија вели дека името потекнува од наватлскиот израз „Quauhtitlan“ што во превод би значело „помеѓу дрва“. Куаухтитлан било името на Тлошкалтеканските војници кои го придружувале Педро де Алварадо за време на шпанската инвазија на територијата.[7]

Remove ads

Историја

Географија и клима

Thumb
Карта на Гватемала.

Гватемала е планинска земја, освен во јужниот дел на земјата каде се наоѓаат низини. Два планински масива се протегаат низ Гватемала од запад кон исток и ја делат државата на три големи географски региони: висорамнини, тихоокеанскиот брег и регионот Петен. Скоро сите поголеми градови се наоѓаат во висорамнинските предели на тихоокеанскиот брег. Највисока точка во Гватемала, но и во Средна Америка, е вулканот Тахумулко со 4.220 метри надморска височина.

Реките во Гватемала се кратки и се влеваат то Тихиот Океан и Карипското Море. Поголеми реки во Гватемала се Полочик, Дулсе, Мотагуа и Усумасинта.

Гватемала долго време тврдела дека нејзини територии биле окупирани од Белиз, независна соседска држава. Гватемала го признала Белиз во 1990 година но со тоа спорот не се затворил.[8][9] Вкупната површина на Гватемала изнесува 108.890, каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е градот Гватемала. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белиз и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Политички систем

Гватемала е претседателска република, каде шеф на државата и шеф на владата е претседателот. Извршната власт во државата е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете на владата и во Конгресот на Републиката. Судската власт е независна власт во Гватемала.

Административна поделба

Thumb
Департмани на Гватемала.

Гватемала е поделена на 22 департмани, кои пак се поделени на 332 општини.

Департманите на Гватемала се:

  1. Алта
  2. Баха Верапаз
  3. Чималтенанго
  4. Чикимула
  5. Петен
  6. Ел Прогресо
  7. Киче
  8. Ескуинтла
  9. Гватемала
  10. Уеуетенанго
  11. Исабал
  12. Халапа
  13. Хутијапа
  14. Кецалтенанго
  15. Реталулеу
  16. Сакатепеке
  17. Сан Маркос
  18. Санта Роса
  19. Солола
  20. Сучитепеке
  21. Тотоникапан
  22. Закапа
Remove ads

Стопанство

Thumb
Пазар во Зунил.

Според ЦИА, БНП по глава на жител во Гватемала изнесува 5.000 американски долари, но сепак оваа земја во развој има многу социјални проблеми и е меѓу 10. најсиромашни држави во Северна Америка.[10] Приходот во државата не е еднакво распореден меѓу населението и така скоро половина од населението живее во сиромаштија и државата има невработеност од 3.2%.

Што се однесува за странските инвестиции во Гветамала, приловот на пари од гватемалската емиграција се најголем странски приход.[11]

Remove ads

Население, јазик и вероисповед

Thumb
Лингвистичка карта на Гватемала.

Според ЦИА, Гватемала има население од 12.728.111. Околу 40% од населението се мешани, односно луѓе од бело и староседелско население. 16% од населението на Гватемала е со бело потекло, воглавно од Европа или Азија, потоа следат Киче со 9.1%, Какчикелци со 8.4%, Мами со 7.9% и Кекчи со 6.3%. Околу 8.6% од населението се класифицирани како станати мајански народи, додека 0.2% не се Маи. Така, Гватемала има 40% староседелско население.[12]

Иако шпанскиот јазик е службен јазик во државата, тој не е најмногу зборуван помеѓу староседелското население, ниту пак како втор јазик. Во Гватемала се зборуваат 21 мајански јазик и два немајански јазици односно шинкаски јазик и гарифуна јазик. Според гватемалскиот закон, шпанскиот е службен јазик, додека останатите се национални јазици[13] Сепак шпанскиот како прв или втор јазик го зборуваат околу 93% од населението.

Околу 50 до 60% од населението се Католици, 40% се Протестанти и околу 1% се припадници на мајанска релгија.[14]

Remove ads

Култура

Thumb
Гватемалки во традиционална облека.

Главниот град на државата е центар на голем број библиотеки и музеи, меѓу кои се и Нациналната архива, Националната библиотека и Музејот на археологија и етнологија кои имаат голем број на артефакти за Маите. Постојат исто така и приватни музеи кои воглавно се фокусираат на мајанската цивилизација. Скоро во секоја општина во државата има по еден музеј.

Remove ads

Гватемала како мотив во популарната култура

  • „Цвеќињата на Гватемала“ (англиски: The Flowers Of Guatemala) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.[15]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads