Нордорф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нордорфmap
Remove ads

Нордорф (германски: Norddorf; емраншки: Noorsaarep; дански: Nordtorp) — општина на островот Амрум во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Нордорф во рамките на округот Северна Фризија ...
Remove ads

Историја

Заедно со Зидорф, Нордорф е најстарото село на островот. Во 1890 година, Фридрих фон Боделшвинг основал повеќе приморски домови за стари лица во Нордорф и северно од него. Поради ова, местото се развило во приморско одморалиште. Во 1925 година, големи делови на селото биле уништени во пожар, па така денешниот изглед на селото е главно со современи куќи без сламени покриви. Денес, домовите повеќе не постојат или не се наменети за тоа.

Во почетокот на XX век, т.н. пристаниште Книпхафен (Kniephafen) постоело северно од Нордорф. Пристаништето било пловно за поголеми пловила и повеќето од нив го опслужувало поморскиот сообраќај помеѓу Амрум и пристаништето Хернум на соседниот остров Зилт. Пристаништето било поврзано со железничката мрежа на островот. Во 1938 година, докот бил префрлен на север поради постојано наклонување. Поради соседната плажа Книпзанд на западниот брег на Амрум, пристаништето морало да биде напуштено.

До 31 декември 2006 година, Нордорф заедно со Небел и Витдин биле во рамките на општинската заедница Амрум.

Remove ads

Знаменитости

Туристичките атракции вклучуваат мамец за патки јужно од селото, средиште за природоисторија со насока на заштита на животната средина, како и плажата Книпзанд на запад.

Од Нордорф може да се стигне до најсеверниот дел на Амрум, наречен Оде (Odde). Таму се наоѓа важна област за птиците, каде бекасови птици и други видови може да се видат. Достапни се и тури во овие подрачја.

Синџир на дини се шири северно, јужно и југозападно од Нордорф. Највисоката дина на Амрум (32 м) — наречена Зијатлер (a Siatler). На неа постои платформа за набљудување. На југозапад може да се дојде до светилникот во Нордорф. Бил поставен во 1906 година и служи за помош во каналот Фортраптиф (Vortrapptief).

Remove ads

Економија

Со 422.319 ноќевања од 43.316 гости во 2005 година, општината се вбројала помеѓу првите десет туристички места во Шлезвиг-Холштајн.

Познати луѓе

  • Георг Кведенс (р. 1934) — филозоф, писател, природонаучник и локален историчар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads