Северна Фризија (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Северна Фризија (округ)map
Remove ads

Северна Фризија (германски: Nordfriesland) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Ја вклучува скоро целата област Северна Фризија заедно со блиските области на исток и на југ и се граничи со (од исток надесно) окрузите Шлезвиг-Фленсбург и Дитмаршен, Северното Море и данскиот регион Јужна Данска.

Оваа статија се однесува на округот Северна Фризија. За други значења, погл. Северна Фризија (појаснување).
Кратки факти Северна ФризијаKreis Nordfriesland, Земја ...
Thumb
Мочуришна област во Ајдерштет, вообичаено за севернофризискиот брег
Thumb
Коњска кочија доаѓа од островот Зидфал при ниска плима

До 2008 година, Северна Фризија бил најпосетуван рурален округ во Германија.[2]

Remove ads

Историја

Морето отсекогаш имало силно влијание во областа. Во средновековниот период, бурите го правеле животот во Северна Фризија опасен. Дури во новото време со изградбата на брани било спречено понатамошното губење на земјата и на луѓето. Многу села кои некогаш постоела сега се на дното на морето. Најпознат пример е малото морско пристаниште Рунгхолт, кое било уништено од големата поплава во 1362 година. Островот Штранд исчезнал во Буркардиската поплава, уште една катастрофална бура во 1634 година. Подоцна, се појавиле неколку мали острови наместо Штранд.

Од околу 1200 година до 1864 година, областа која сега е Северна Фризија била дел од Војводството Шлезвиг, кое самото не било директно дел од данското кралство, туку феуд на данската круна и поврзувано со данските кралеви преку личен сојуз како одвоена единица. Северна Фризија сè уште е повеќејазичен округ: постојат луѓе кои говорат германски јазик, долногермански јазик, севернофризиски јазик и дански јазик. Севернофризискиот јазик постои во девет малку различни дијалекти, иако главно е користен од постарите граѓани во копнениот дел на Северна Фризија. Сепак, голема јазична заедница на Фризи постои на островите Фер и Амрум. Откако станал германски, трите окрузи биле основани во област: Зидтондерн на север, Хузум во средина и Ајдерштет на југ. Во 1970 година овие три окрузи биле споени за да го основаат округот Северна Фризија.

Remove ads

Географија

Целосниот крајбрежен појас е дел од Националниот парк Ваденско Море. Северна Фризија го вклучува брегот помеѓу Дитмаршен и Данска. На југ е полуостровот Ајдерштет, каде реката Ајдер се влева во морето.

Севернофризиските Острови се исто така дел од округот и се наоѓаат исто така во националниот парк. Постојат пет големи острови (Зилт, Фер, Амрум, Пелворм и Нордштранд) и десет помали островчиња познати како халиг.

Remove ads

Грб

Thumb
Грбот прикажува три златни бродови на сина позадина. Овој грб бил користен од полуостровот Ајдерштет од XVII век. Кога округот бил основан во 1970 година, грбот на Ајдерштет бил прогласен на ниво на целиот округ. Разликата од стариот грб се трите слики на едрата на бродовите: плуг, харинга и глава од бик.

Градови и општини

Повеќе информации Слободни градови, Слободни општини ...
Повеќе информации Општински заедници ...
Remove ads

Наводи

Ризница-ред

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads