Нордштрандишмор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нордштрандишмор (германски: Nordstrandischmoor; дански: Nordstrand Mor; фризиски: Lätj Möör; познат локално и како „Литмор“) — халиг близу севернофризискиот брег во Германија и сместен во рамките на Националниот парк Ваденско Море.
Remove ads
Географија
Административно, Нордштрандишмор припаѓа на општината Нордштранд и се води како посебна нејзина единица. Халигот има површина од 1,9 км2. Во пролетта 2008 година, 27 луѓе живееле на Нордштрандишмор.
Неговата врска со копното е железничката линија од 600 мм, која води до копното кај Белтрингхардер Ког. При високи плими се употребуваат бродови. При ниски плими, до островот може да се пристапи и пеш преку калливите полиња.
На островот има четири варфтови (вештачки подигнати ридови), а на едно од нив се наоѓа основното училиште (со 3 ученици претставува најмало училиште во Германија)[1] и ресторан. Четирите варфтови, од исток на запад се:
Remove ads
Галерија
- Поглед на зајдисонце на островот погледнат од копното
- Железничката линија до Нордштрандишмор
- Плажа на Нордштрандишмор
- Крајбрежна одбрана
- Шулварфт, едно од најмалите училишта во Германија
- Нордерварфт
- Историски гробишта
- Поштенско сандаче
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads