Норадреналин

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Норадреналин
Remove ads

Норадреналинот (или норепинефрин) е хормон кој спаѓа во групата на катехоламини. Има слични функции како и адреналинот, со таа разлика што вазоконстрикцијата е појака и се однесува на сите помали крвни садови.

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Remove ads

Структура

Норадреналинот е катехоламин и фенетиламин.[3] Неговата структура се разликува од онаа на адреналинот во тоа што кај адреналинот дополнително има метил група поврзана за азотниот атом.[3]

Thumb
Структура на норадреналин
Thumb
Структура на адреналин
Thumb
Структура на катехол

Биосинтеза

Биосинтеза на катехоламините и амините во траги во човечкиот мозок[4][5][6]
Thumb
L-DOPA
Фенетиламин
p-Тирамин
Норадреналин
N-Метилфенетиламин
N-Метилтирамин
p-Октопамин
Синефрин
3-Метокситирамин
AADC
AADC
AADC
доминантна
реакција
PNMT
PNMT
PNMT
PNMT
AAAH
AAAH
мозок
CYP2D6
споредна
реакција
COMT
DBH
DBH
Оваа слика содржи линкови
Норадреналинот во човечкиот организам се синтетизира од допаминот со помош на ензимот допамин β-хидроксилаза (DBH).

Норадреналинот се синтетизира од аминокиселината тирозин во серија на ензимски реакции во адреналната медула и постганглионските неврони на симпатичкиот нервен систем. Иако претворањето на тирозинот до допамин се одвива доминантно во цитоплазмата, претворањето на допаминот до норадреналин се одвива воглавно во невротрансмитерските везикули со помош на ензимот допамин β-монооксигеназа.[7] Метаболичкиот пат е следниов:

Фенилаланин → Тирозин → L-DOPA → Допамин → Норадреналин[7]

Така, директен претходник на норадреналинот е допаминот, кој се синтетизира индиректно од есенцијалната аминокиселина фенилаланин или неесенцијалната аминокиселина тирозин.[7] Овие аминокиселини се присутни во скоро секоја белковина и, како такви, се внесуваат во организмот преку храната која содржи белковини.

Фенилаланинот се претвора во тирозин под дејство на ензимот фенилаланин хидроксилаза, користејќи молекуларен кислород (O2) и тетрахидробиоптерин како кофактори. Тирозинот се претвора во L-DOPA под дејство на ензимот тирозин хидроксилаза, користејќи тетрахидробиоптерин, O2, и најверојатно и феро јон (Fe2+) како кофактори.[7] Претворањето на тирозин во L-DOPA може да се инхибира со метирозин, кој претставува аналог на тирозинот. L-DOPA се претвора во допамин од страна на ензимот ароматична L-аминокиселинска декарбоксилаза (кој е познат и како DOPA декарбоксилаза), и кој користи пиридоксал фосфат како кофактор.[7] Допаминот потоа се претвора во норадреналин под дејство на ензимот допамин β-монооксигеназа, во присуство на O2 и аскорбинска киселина како кофактори.[7]

Норадреналинот понатаму може да се претвори во адреналин под дејство на ензимот фенилетаноламин N-метилтрансфераза во присуство на S-аденозил-L-метионин како кофактор.[7]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads