ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Јосип Броз Тито“ (официјално: Основно општинско училиште „Јосип Броз Тито“ - Валандово; скратено: ООУ „Јосип Броз Тито“) — централно основно училиште во градот Валандово, Општина Валандово.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Јосип Броз Тито“.
Училиштето е именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.
Remove ads
Историја
Училиштето започнало со работа во 1945 година, а денешниот објект во градот Валандово е изграден во 1980 година.[3]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.[3]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Гоце Делчев“ - Пирава, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Даме Груев“ - Брајковци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Нам’к Кемал“ - Чалакли, подрачно деветгодишно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Јени Ѓун“ - Башибос, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Моша Пијаде“ - Дедели, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; и
- ПУ „Цветан Димов“ - Казандол, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Познати личности кои учеле во ова училиште
- Ѓорге Иванов - претседател на Македонија
Галерија
- Поглед на училиштето
- Влезот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads