ОУ „Братство-Миѓени“ - Тетово

основно училиште во Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Братство-Миѓени“ - Тетово
Remove ads

Основно училиште „Братство-Миѓени“ (во минатото: Основно училиште „Братство-Единство“; официјално: Основно општинско училиште „Братство-Миѓени“ - Тетово; скратено: ООУ „Братство-Миѓени“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.[1]

Кратки факти Братство-Миѓени ...

Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.

Remove ads

Историја

Училиштето е едно од најстарите, основано во 1958 година под името „Братство-Единство”. Сместено било и сѐ уште е на улица „Љубо Божиноски – Пиш“ бр. 41. Во него во него наставата најпрво се изведувала на македонски и албански јазик од прво до осмо одделение. Подоцна започнала настава на турски јазик од прво до четврто одделение.[2]

Училиштето од тогаш до денес се развивало како централно училиште со подрачно училиште во населеното место Сараќино. Во 1993 година училиштето го сменило името во „Братство-Миѓени”.[2]

Remove ads

Особености и спецификации

Thumb
Градбата во Спортски Центар.

Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до деветто одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до деветто одделение во Тетово и од прво до четврто одделение во Сараќино. Воспитно-образовната работа се одвива во 4 градби: зградата на централното училиште, градбата во населбата Спортски Центар, градбата во населбата Дреновец и една подрачна градба во Сараќино.[2]

Зградата на централното училиште располага со 29 училници од кои 11 се мали и приспособени во кои потешко е да се изведува современа настава поради ограничен простор. Во него се изведува настава на албански јазик од прво до деветто одделение и на турски јазик исто така од прво до петто одделение.[2]

Во новата училишна градба сместена во населбата Спортски Центар има 8 училници на првиот кат и 2 подрумски простории приспособени за училници и една просторија за дневен престој. Во нив учат ученици од прво до деветто одделение со настава на македонски јазик.[2]

Во подрачното училиште има 6 училници во кои настава се изведува на македонски јазик од прво до деветто одделение и албански јазик од прво до петто одделение.[2]

Во најновата градба во Дреновец учат ученици од прво до деветто одделение со настава на албански јазик во 18 училници. Во градбата има наставничка сала, канцеларии за помошникот директор, за педагог и психолог, библиотека, кабинет по информатика, просторија за физичко, една котларница, како и просторија за хигиеничарите. Градбата рaсполага со голем број на неискористен простор (училници и др. простории).[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads