ОУ „Дане Крапчев“ - Ченто
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Дане Крапчев“ (официјално: Општинско основно училиште „Дане Крапчев“ - Ченто; скратено: ООУ „Дане Крапчев“) — централно основно училиште во скопската населба Ченто, Општина Гази Баба.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан и комунист Дане Крапчев.
Remove ads
Организација
Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на урбаната заедница Маџари 2, односно десната страна на улицата „Антон Попов“ од влезот на населбата и улицата „Финска“ како и населеното место Инџиково.
Историја
Училиштето е изградено во 1978 година. Училишната зграда е современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Училиштето располага со 4.200 м2 училиштен простор и 7.150 м2 училиштен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 1.033 ученика распоредени во 36 паралелки. Наставата се изведува во две смени. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.
Remove ads
Познати личности кои предавале во ова училиште
- Ванчо Јовчев - член на музичката група Синтезис, наставник по музичко Образование
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads