ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово
основно училиште во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во градот Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето ја дели зградата со ОУ „Браќа Миладиновци“.
За други значења на поимот, погл. ОУ „Крсте Петков Мисирков“.
Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.
Remove ads
Историја
Како резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата „Гоце Делчев“ во септември 1948 година, од неа биле издвоени 11 паралелки со 480 ученици со дел од наставниот кадар, и со тоа била створена неполната гимназија „Крсте Мисирков“.[2]
Младите книжевници од 1959 година издаваат свое списание „Пламенче“.[2]
Училиштето поседува свој кабинет по информатика уште од 1986 година.[2]
Во првата половина на 2010-тите, во училиштето имало 45 паралелки во кои биле опфатени 1.180 ученици. Образовно-воспитната работа во 45. паралелки ја извадуваат 60 наставници.[2]
Remove ads
Освоени награди
Двапати е добитник на Ноемвриската награда, како највисока награда на Собранието на Општината за покажаните резултати и тоа во 1971 и 1988 година. Прво од училиштата во Општината е добитник на највисока републичка Награда „Климент Охридски“ која се доделува за осебени заслуги за постигнати во образованието, здравството и културата што се во интерес на Република Македонија.[2]
Збратимени училишта
Училиштето е збратимено со училиштата:[2]
- ОУ „Кочо Рацин“ - Прилеп
- ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ - Врање, Србија
- ОУ „Петар Петровиќ-Његош“ - Зрењанин, Србија
Галерија
- Главниот влез
- Северозападното крило на зградата
- Северозападното крило на зградата
- Југозападното крило на зградата
- Спомен плоча во чест на настан кој се случил во зградата на училиштето за време на Априлската војна
- Биста на Крсте Петков Мисирков
- Биста на Крсте Петков Мисирков
- Кошаркарското игралиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads