ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово
основно училиште во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Куманово; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во градот Куманово, Општина Куманово.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Браќа Миладиновци“.
Училиштето е именувано по истакнатите македонски преродбеници и писатели браќата Миладиновци.
Remove ads
Градба
Училиштето ја дели зградата со ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Училиштето работи во 5 училишни згради, а во својот состав вклучува и две подрачни училишта (во Пчиња и Студена Бара).[3]
Наставата во централното училиште се изведува во кабинети по сите предмети. Училиштето располага со канцеларија за наставници, медијатека, кабинет по информатика, како и спортска сала со површина од 1.025 м2.[2] Наставата се изведува во една смена која најизменично се менува на секои две недели.
Remove ads
Историја
Училиштето постои од 1953 година. Тоа е едно од најстарите училишта во општината.[2]
Во учебната 2008/09 во него учеле околу 1.200 ученици од I до VIII одделение.[2]
Збратимени училишта
Училиштето е збратимено со училиштата:[2]
- ОУ „Браќа Миладиновци“ - Миладиновци, Општина Илинден
- ОУ „Трет Крагуевачки Баталјон“ (српски: ОШ „Трећи крагујевачки батаљон“) - Крагуевац, Србија
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Пчиња, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Студена Бара, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
- Главниот влез
- Северозападното крило на зградата
- Северозападното крило на зградата
- Југозападното крило на зградата
- Кошаркарското игралиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads