ОУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Манчу Матак“ (официјално: Основно општинско училиште „Манчу Матак“ - Кривогаштани; скратено: ООУ „Манчу Матак“) — централно основно училиште во селото Кривогаштани, Општина Кривогаштани.[1][2]
Името на училиштето е во чест на народниот херој Манчу Матак.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, на патот кон Годивле.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Има вкупно 13 паралелки од прво до деветто одделение со вкупно 194 ученици.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Манчу Матак“ - Крушеани, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Манчу Матак“ - Врбјани, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Манчу Матак“ - Славеј, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Манчу Матак“ - Годивле, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Манчу Матак“ - Подвис, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
- Влезот
- Бистата на Манчу Матак
- Спортската сала
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads