Годивле

село во Општина Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Годивлеmap
Remove ads

Годивле (порано: Годивје) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Влезот во селото

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на северозападната страна на територијата на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 24 километри.[2]

Годивле се наоѓа помеѓу еден гребен на запад и котлинската рамнина на исток и на југ. Ова му дава погодна местоположба на селото за сточарство и земјоделство. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешмите Селска и Стари Лозја, а секое домаќинство поседувало и сопствен бунар. Подалеку од селото извираат изворите Студено Кладенче, Извори, Даб, Неделска Вода и други.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Млака, Лозја, Стари Лозја, Меѓи, Шипче, Спаиска Врба, Дабје, Две Дабчиња, Диздарица, Бари, Круши, Мустафини Слогои, Мамудица, Бачилиште, Голица, Минојца, Камејнца, Русалије, Пречни Слогои, Конопи, Дуњи, Решетарица, Влашки Дол, Влашко Трло, Штеже, Чука, Мериз, Матоец, Опаленица, Солена Вода и Талев Вир.[3]

Селото има збиен тип, составено од следниве маала: Ѓуроско, Дувнимагловско и Ацеско. Имињата на маалата се од познатите или поголемите родови. Маалата се слабо одвоени едно од друго.[3]

Remove ads

Историја

Thumb
Жители на Годивле пред селски дуќан во почетокот на XX век

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Годиле и имало 13 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани. Селото било тимар на Јусуф, сина на Мухаммеди, и Мухаммеди, син на Јахша.[4]

На местото на денешното село и на земјата околу него се наоѓале остатоци од куќни ѕидови, садови, како и по некој бунар, поради што се верува дека селото е доста старо.[3]

Денешното село е основано многу рано. За време на отоманскиот период станало големо село (секоја година имало по 70 свадби), но потоа селото било погодено од чума. Преживеале три семејства и од нив потекнуваат денешните родови Колевци, Несторовци и Ѓурчевци. По чумата, земјата станала чифчиска и единствено трите споменати семејства останале со своја земја.[3]

Први сопственици биле Турци од родот Дериовци населени во Прилеп. Од нив подоцна земјата ја купиле тројца браќа Албанци наречени Џаберковци, кои живееле во Дебар. Тие ја држеле земјата до 1923 година, која селаните ја купиле земјата.[3]

Во 2014 година на дотогашното Годивје официјално му е вратено традиционалното име Годивле.[5]

Remove ads

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 320,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 177,9 хектари, а на шумите отпаѓаат само 37,4 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивле живееле 244 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Годивле имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Годивље се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Во 1961 година селото броело 399 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 214 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивле живееле 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 112 жители, од кои 109 Македонци и 3 Роми.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Годивле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелски родови: Несторовци (12 к.), Колевци (3 к.) и Ѓуровци (2 к.).
  • Доселенички родови: Гулабовци (3 к.), доселени се однекаде; Дувнимагловци (11 к.), родот го основал Тасе, кој имал синови Тоше и Божин. Тасе се доселил од некое село во Охридско, најпрво се населил во Кривогаштани, па набрзо од таму прешол во Годивле; Толевци (5 к.), потекнуваат од домазет кој влегол во родот Несторовци, а се доселил од некаде; Ацевци (8 к.),Стојановци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Свето Митрани, таму припаѓале на родот Ѓаќеровци, подалечно потекло од некое село во Железник.

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село: Колевци иселени се во Кореница, Бозаровци иселени се во Кривогаштани, Сираковци и Мрснакора иселени се во Турско. Од родот Колевци во селото, има иселеници во Бугарија (едно семејство). Од родот Несторовци има иселеници во Турско и Прилеп (по едно семејство). Од родот Дувнимагловци има иселеници во Прилеп. Од родот Гулабовци како домазет се има иселено еден човек во Кривогаштани.[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Годивле било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Годивле, се наоѓале и селата Врбоец, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Подвис. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Годивје, кога во нејзе се наоѓале селата Годивје, Кореница, Локвени и Подвис.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1508 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[3][18]
Цркви[19]

Редовни настани

Слави[3]

Личности

Родени во или по потекло од Годивле
  • Ангеле Велев Крстески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Трајко Миленков Најдоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Пере Мицев Тасески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Атанас Ташев Тасески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads