ОУ „Милто Гура“ - Стрелци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Милто Гура“ (во минатото: Основно училиште „Маршал Тито“; официјално: Основно општинско училиште „Милто Гура“ - Стрелци; скратено: ООУ „Милто Гура“) — централно основно училиште во селото Стрелци, Општина Кичево.[1] Училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Денес, училиштето е именувано по албанскиот писател Милто Гура додека во минатото училиштето го носело името Маршал Тито.[2]
Remove ads
Местоположба

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Историја
Централното училиште во Стрелци поседува објект од 1936 година, кој бил обновен во 2002 година со средства од швајцарската амбасада во Македонија, како и од самите жители на Стрелци и Гарани.[3]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[4]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[3]
- ПУ „Милто Гура“ - Црвивци, деветтгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Милто Гура“ - Шутово, деветгодишно подрачно училиште.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads