ОУ „Никола Карев“ - Крушево
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Крушево; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Крушево, Општина Крушево.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Никола Карев“.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.
Remove ads
Историја
Училиштето започнало со работа во 1944 година. Во почетокот функционирало како четиригодишно училиште под името „Кирил и Методиј“, а од 1956 година било споено со нижата гимназија „Никола Карев”, кога основното училиште го добило денешното име.
Според член 7 од Статутот на ООУ „Никола Карев”, Општинското основно училиште „Никола Карев“ било преобликувано со акт на Собранието на Општина Крушево на 1 септември 1966 година, а е верифицирано со Решение на МОН бр. 10-1248/3 од 27 јуни 1994 година.[2]
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Никола Карев“ - Алданци, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Белушино, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Борино, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Врбоец, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Норово, подрачно училиште на албански наставен јазик; и
- ПУ „Никола Карев“ - Саждево, подрачно училиште на албански наставен јазик.
Галерија
- Поглед на училиштето
- Училишниот двор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads