ОУ „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Ристе Ристески“ (службено: Основно општинско училиште „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти; скратено: ООУ „Ристе Ристески“) — централно основно училиште во дебарското село Долно Косоврасти, Општина Дебар.[1][2]
Училиштето е именувано по народниот херој Ристе Ристески.
Remove ads
Историја
Училиштето е изградено во 1966 година, кога е изградено од типот на монтажна градба. Во почетокот на ова основно училиште учеле ученици од селата Долно Косоврасти, Горно Косоврасти и Могорче сѐ до 1975 година, кога во селото Могорче било изградено ново подрачно училиште, кое го добило името „Мирче Ацев“, кое и денеска постои како подрачно основно училиште во склоп на основното училиште и се изведува настава на македонски наставен јазик. Во 1995 година, во селото Горно Косоврасти било изградено подрачното училиште „Коле Канински“, исто така со македонски наставен јазик.[2]
Во училиштето има 36 паралелки со настава на македонски јазик.[2]
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Мирче Ацев“ - Могорче, подрачно училиште; и
- ПУ „Коле Канински“ - Горно Косоврасти, подрачно училиште.
Галерија
- Лулашки во училишниот двор
- Игралиште во училишниот двор
- Влезот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads