Могорче

село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia

Могорчеmap
Remove ads

Могорче — село во Општина Дебар, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци-муслимани, Мијаци, од кои дел се изјасниле како Турци, поради политичко-религиски причини. Крај селото се наоѓа прочуениот мост Елен Скок.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова релативно големо село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Дебар, на северните падини на планината Стогово, а од левата страна на реката Радика, а чиј атар се допира со подрачјето на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 17 километри.[2]

Селото Могорче се наоѓа во Мијачијата, односно во Малореканскиот крај, на самиот премин од селата во Горна и Долна Река. Сместено е на терасеста површина, на иста височина и страна како соседното село Осој.[3]

До селото води регионалниот пат 29280, кој се двои од регионалниот пат 2246 после Бошков мост.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Друго Село, Соколески Нивје, Куноски Аргач, Дурмишица, Оџов Лаз, Дуров Лаз, Под Камен и Кремење.[3]

Селото има збиен тип, а улиците излегуваат на сретсело. Куќите се подигнати на падините и на тераси.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Могорче е населено уште од доцноантичко време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Денешната месноста Друго Село некогаш била населена. Во минатото, Могорче било големо христијанско село.[3]

Познатиот мост Елен Скок своето име го добил по животното елен, за кој постои легенда во Могорче дека за време на празникот Ѓурѓовден, кога имало прослава на 270 момци и девојки се појавил елен од шумата, кој момците го избркале и тој побегнал со еден скок преку Мала Река на местото каде денес е мостот. При скокот ја скршил ногата и така ранет заминал за Галичник, каде го излечиле и го пуштиле во шумата. Поради тоа, еленот го благословил Галичник да се намножува, додека Могорче го проколнал да се намалува.[3]

Во трудот „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ-Лоноски, тој запишал дека исламизацијата на село Могорче се случила во 1877 година, кога во селото дошле Албанци, зулумќари и арамии, од селата Црнилиште и Десово од Прилепско.[5]

Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]

Remove ads

Стопанство

Thumb
Стопански објект во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 740 хектари, на пасиштата отпаѓаат 270 хектари, а на обработливото земјиште 176 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита аграрна функција.[2]

Население

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 50 домаќинства со 18 жители муслимани (Македонци) и 120 христијани (Македонци).[7]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Могорче живееле 786 жители, сите Македонци (770 муслимани и 16 православни).[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Могорче имало 8 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Могорче се води како македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 106 куќи.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[11]

Могорче е имиграциска населба, којашто прераснала од средна, во голема селска населба. Така, селото во 1961 година броело 788 жители, од кои 764 биле Турци, 10 Албанци и 13 жители Македонци, а во 1994 година 1.630 житело, од кои 935 биле Македонци, 169 Турци и 525 жители се декларирале како други (муслимани).[2]

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот од 2002 година селото броело 1.794 жители, од кои:[12] 1.408 Македонци, 376 Турци, 1 Ром, 1 Албанец, 1 Бошњак и 7 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.334 жители, од кои 104 Македонци, 14 Албанци, 884 Турци, 2 Бошњаци, 10 останати и 320 лица без податоци.[13]

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

Како главни родови по кои се именувани и маалата во селото се:[3]

  • Муслимански родови: Сарџовци или Рамчовци (20 к.), Мучовци (30 к.), Никлевци (10 к.) и Добевци (15 к.); и
  • Христијански родови: Трипуновци (3 к.).

Иселеништво

По завршувањето на Втората светска војна (1941-1945), селото доживувало големи промени во поглед на миграцијата. Од 1959 до 1971 година имало голема преселба на жителите на селото во Турција. Економската миграција се случувала во периодот од 1965 кон Австрија, а од 1968 па сѐ до 1980 кон Германија, кога стагнирала до 1992 година. За време распадот на СФРЈ, жителите на Могорче биле на крстопат кој пат да го фатат, така од 1992 до денес најзастапена е стопанската, но и семејната миграција кон Италија.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Могорче било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче, Осој и Скудриње. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Долно Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Могорче и Осој.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0477 и 0477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Гари и Осој.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.725 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.852 гласачи.[20]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви[3]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — мала црквичка
Постојат и рушевини од црквите „Св. Спас“ и „Св. Богородица“.
Џамии[21]
Мостови
Езера[22]
Реки[23]
Remove ads

Редовни настани

Селска слава[3]
  • Спасовден, поранешна селска слава на православното население

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads