ОУ „Кирил и Методиј“ - Стојаково
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Стојаково; скратено: ООУ „Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во селото Стојаково, Општина Богданци.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кирил и Методиј“.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, спроти главната селска црква „Св. Недела“.
Историја
Пред да биде создадено училиштето, во Стојаково имало настава во патријаршиското училиште, кое работело само во топлите месеци од годината, а наставата била во црковната припрата.
Во 1870 година било отворено првото народно училиште со околу 80 ученици, кое во 1880-тите години прераснало во про-гимназијално училиште, во кое учеле и деца од околните места.
Од 7 ноември 1944 година, училиштето работело како третокласно про-гимназијално училиште под името „Кирил и Методиј“ и наставата се изведувала на македонски јазик, а во учебната 1952/53 година, училиштето станало осумгодишно.
Денес, училиштето поседува градба на површина од 2700 м2 со одлични просторни капацитети, современо опремени училници, училишна библиотека со фонд кој континуирано се зголемува, новоизградена спортска сала со површина од 1200 м2, хортикултурно уреден и комплетно ограден училиштен двор.
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следниво подрачно училиште:
- ПУ „Кирил и Методиј“ - Селемли, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
- Влезот
- Дворот
- Спортската сала
- Поглед на училиштето
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads