Општина Богданци
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Богданци — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители.


Remove ads
Географија
Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.
Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата.
Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.
Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.
Remove ads
Историја
Општина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.[2]
Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато. На нејзината територија се наоѓале и некогашните села Болован, Паљурци и Побрегово.
Remove ads
Демографија
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 7.339 жители, 2.611 домаќинства и 3.048 станови.[3]
Етничка припадност
- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за етничката припадност
2002 | 2021 | |||
НАРОД | број | % | број | % |
ВКУПНО | 8.707 | 100 | 7.339 | 100 |
Македонци | 8.093 | 92.95 | 6.665 | 90.08 |
Срби | 525 | 6.03 | 275 | 3.72 |
останати | 89 | 1.02 | 104 | 1.41 |
лица без податоци† | / | / | 295 | 3.99 |
Вероисповед
- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед | Вкупно |
православни | 5.477 |
муслимани | 52 |
католици | 152 |
христијани | 1.321 |
протестанти | 6 |
евангелисти | 2 |
евангелисти-методисти | 0 |
Јеховини сведоци | 2 |
останати | 5 |
евангелиски протестантски христијани | 16 |
агностици | 10 |
будисти | 1 |
лица без податоци† | 295 |
Вкупно | 7.339 |
Мајчин јазик
- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според мајчиниот јазик
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.767 |
албански | 1 |
турски | 45 |
ромски | 5 |
влашки | 1 |
српски | 211 |
бошњачки | 2 |
останати | 11 |
знаковен јазик | 0 |
непознато | 1 |
лица без податоци† | 295 |
Вкупно | 7.339 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Населени места
Стопанство
Општествени установи
- Училишта
- Верски објекти
- Црква „Св. Атанасие“ - православна црква
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - католичка црква
- Црква Успение на Пресвета Богородица - Ѓавато
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Богданци е Блаже Шапов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Богданци е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

СДСМ: 7 места
ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
Во рамките на општината, односно нејзината администрација, делуваат следниве одделенија[5]:
- Одделение за управување со човекови ресурси,
- Одделение за финанскиски прашања,
- Одделение за локален економски развој,
- Одделение за општи и правни прашања,
- Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и јавни дејности,
- Одделение за внатрешна ревизија, и
- Одделение за инспекциски работи.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Истакнати личности по потекло од Општина Богданци се:
- Атанас Вангелов (р. 1946) - македонски писател
- Ѓорѓи Колозов (1948 - 2003) - македонски глумец
- Дељо Калчев (1877 - 1917) - македонски револуционер
- Кирил Петрушев (1885 - 1980) - македонски и југословенски политичар, член на АСНОМ, министер на НРМ
- Ратко Јанев - научник со светски углед во областа на атомската физика, член на МАНУ, професор, предавач и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти
- Коста Бојаџиевски (1930 - 2006) - еден од основоположниците на издавачката дејност во Македонија.
- Стефан Мандалов (1875 - 1903), македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
- Стојан Мандалов (1897 - 1933), македонски револуционер, војвода на ВМРО;
- Димитар Ќорнаков (р. 1927) - историчар на уметноста;[6]
Remove ads
Култура и спорт
- Фолкор
- З.КУД “Бранд Петрушев„ - Богданци.
- Спорт
- ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.
- РК Младост (Богданци),до 2007 член на најјаката ракометна лига на Македонија (супер лига) и тим кој секогаш беше при врвот на мак ракомет и трета екипа во Македонија, тим кој беше препознатлив по ангажманот на играчи од Русија, Белорусија и др. Повеќепати има настапувано во Европските ракометни купови каде има забележано и доста значителни успеси 1/4 финале во ЕХФ КУП.
РК Младост Богданци сега е член на Првата машка лига (втора по ранг) Во РК Младост својта кариера ја има почнато Мите Стоилов кој долги години градеше интернационална карира надвор од Македонија а исто така 15 години беше е сениорски репрезентативец на Македонија.
- ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига каде исто така беше при самиот врв, моментално клубот е во мирување. Има настапувано и во Европските ракометни купови.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads