ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци
Remove ads

Основно училиште „Синиша Стоилов“ (во минатото: Основно училиште „Тодор Арсов“; официјално: Основно општинско училиште „Синиша Стоилов“ - Зрновци; скратено: ООУ „Синиша Стоилов“) — централно основно училиште во кочанското село Зрновци, Општина Зрновци.[1]

Кратки факти Синиша Стоилов ...

Училиштето е именувано по македонскиот бранител Синиша Стоилов, а во минатото го носело името на учесникот во НОБ Тодор Арсов.

Remove ads

Историја

Основано е под името Тодор Арсов, во чест на борецот во НОБ, но во 2009 година е преименувано во чест на локалниот бранител од конфликтот во 2001 година, Синиша Стоилов. Главното училиште се наоѓа во село Зрновци, каде настава посетуваат ученици од Зрновци од прво до деветто одделение и ученици од Мородвис и Видовиште од шесто до деветто одделение. Подрачните училишта се наоѓаат во село Мородвис и во село Видовиште, но во моментов наставата се одржува само во училиштето во Мородвис, каде учат и ученици од соседното село Видовиште, и посетуваат настава од прво до петто одделение.

Спортската сала во село Зрновци е во склоп на основното училиште и таа служи за одржување на наставата по физичко образование и други школски и воншколски активности и настани.

Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads