Синиша Стоилов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Синиша Стоилов (Бенковац, СР Хрватска, 31 август 1965 – Оризари, Кумановско, 10 јуни 2001 ) ― македонски бранител, капетан на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 јуни 2001 кај кумановското село Оризари од 120мм граната испукана од страна на терористите на ОНА.
Remove ads
Животопис
Живот, војната 2001 и смрт
Синиша потекнува од семејството Стоилови, од татко Стоимен, роден во Мородвис, и мајка Љубинка, родена во Зрновци. Татко му бил офицер во ЈНА, и од тие причини често го менувале местото на живеење. Роден е во градот Бенковац, СР Хрватска, на 31 август 1965 година. Во 1970 година, татко му добил служба во Куманово, каде и го започнал своето основно образование. Во 1975 година, заедно со својата мајка и сестра се преселуваат да живеат во Скопје каде го продолжил своето школување.
Од мала возраст постојано го посетувал родното место на своите родители, Зрновци и Мородвис и секое слободно време го користел за дружење и играње фудбал со своите врсници. Своето образование го продолжил во средното воено училиште во Сараево, со голема желба да го продолжи патот по кој одел неговиот татко. Во Бања Лука, тој го добил своето прво вработување, како воено лице - офицер. Напоредно со работата, тој завршил и Виша Воена Академија во истиот град. Иако е на служба во Бања Лука, поради љубовта кон своите најблиски, во 1985 година во Зрновци, тој стaпил во брак со Љубинка, од кој брак му се раѓаат два сина, Стоимен и Ненад. Редот и дисциплината претствувале семејна одлика и само дел од војничкото воспитување и домаќинското однесување кое родителите го пренесувале на децата.
Поведен од родољубието и желбата за своите родни корени, во јануари 1992 година, Синиша Стоилов ја напуштил Бања Лука и ЈНА, и со семејството се вратил да живее во својата татковина. Веднаш стапил на служба во Армијата на Република Македонија како потпоручник, во касарната „Илинден“ во Скопје. Бргу напредувал во службата, верно служејќи и на својата родна земја добивајќи чин поручник, а потоа и капетан. За време на конфликтот во 2001 година, на 10 јуни кај с. Слупчане, Кумановско, капетан Синиша Стоилов, бранејќи ја слободата на својата татковина, беше убиен од страна на албанските терористи на 35 годишна возраст. Последните зборови на Синиша пред да падне кобната граната беше: ...Тргнете се, не се собирајте, ќе падне некој минобацач сите ќе нè испотепа. Неговото име и дело засекогаш ќе останат запаметени во историјата на Македонскиот народ.
Во чест на капетанот Стоилов, денес школото ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци го носи неговото име.[1] Синиша Стоилов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads