ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци
Remove ads

Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Кавадарци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во градот Кавадарци, Општина Кавадарци.[1]

Кратки факти Страшо Пинџур ...

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.

Remove ads

Историја

Зградата на училиштето започнала да се гради 1939-1940 година како Нижа гимназија (позната како Старата гимназија), а изградбата била завршена во 1941 година, но не работела бидејќи во неа биле сместени војници на Кралството Југославија.

Зградата имала 10 училници, две канцеларии, два кабинета и неколку помошни простории. За време на бугарската окупација имало два класа со вкупно 67 ученика, а наставата се одвивала на бугарски јазик. Во 1945 година била преобразувана во Народна гимназија и како таква работела сè до 1956 година кога била преобразувана во основно училиште „Страшо Пинџур“.

Во состав на училиштето работат: од 1975 година посебни паралелки, од 1992 година полни подрачни училишта во Дреново и Возарци од I до IX одделение и ученички дом-интернат во Дреново, а во Марена од I до V одделение. Во училиштето од 2001/02 година работи дневен престој за сите ученици од општината.[2]

Remove ads

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

  • ПУ „Страшо Пинџур“ - Возарци, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Страшо Пинџур“ - Дреново, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
  • ПУ „Страшо Пинџур“ - Марена, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads