Дреново (Кавадаречко)
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дреново — село во областа Раец, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
За други истоимени места, погледајте Дреново.
Селото е познато својата средновековна црква „Св. Богородица“, која била изградена во XIV век, а живописана во 1356 година. За време на отоманскиот период била разурната и била обновена дури на почетокот на XIX век. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.
Remove ads
Географија и местоположба

Дреново се наоѓа во северозападниот дел на Општина Кавадарци, на потегот помеѓу Црна и Раечка Река, а недалеку од патот Градско-Прилеп. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Росоман.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 330 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 13 километри, додека од патот Градско-Прилеп нешто помалку од 2 километри.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.
Селото Дреново лежи на ниска тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, високо над вливот на реката Раец во Црна. Во минатото, во селото имало три чешми од изворите на Вров.[3] Денес, водоснабдувањето во селото е решено со изградбата на новиот бунар и потисниот цевовед со капацитет од 5 л/сек. Исто така, во селото постои канализација.
Селото има збиен тип, поделено седум делови помеѓу кои се наоѓа Сретсело. Маалата се нарекуваат Прво, Синановско, Црквенско, Мутовско, Џиновски, Капиџи и Пољак.[3]
Remove ads
Историја
Како и самата црква, селото потекнува од средниот век со зачувани староседелски родови. На почетокот на XVIII век, во селото се случило потурчување.[3]
Во минатото, во селото имало џамија, општинска зграда и дуќани.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 19,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 713 хектари, на шумите отпаѓаат 702,9 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 444,2 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.[2]
Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Поради Црна Река и Раец околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северната страна од селото се наоѓаат пасишта и шуми.
За време на отоманскиот период, муслиманското население се занимавало со земјоделство, додека христијанското население се занимавало со земјоделство и со сточарство, обработувајќи свои ниви. За време на овој период, а по уништувањето на Желиште и Вариш-Дервен во селото се одржувал пазар во недела. Во селото, исто така, постоел ан и железничка станица.
Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дреново живееле 1.040 жители, сите Македонци, од кои 800 муслимани и 240 христијани.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дреново имало 144 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 50 Турци.[6]
Дреново било големо село, но по пат на емиграција на населението, преминало во средно село по големина. Така, во 1961 година броело 1.136 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 699 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дреново живеат 648 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 508 жители, од кои 438 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин и 68 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Дреново е македонско село. Во минатото позастапени биле Македонците-муслимани.[3]
Според истражувањата од периодот на 1920-1924, родови во селото биле.
- Македонски православни родови:
- Староседелци: Ангелковци (8 к.), Горовци (1 к.), Бендеровци (2 к.), Каревци (1 к.), Божиновци (4 к.), Митиќовци (1 к.) и Левковци (1 к.).
- Доселеници: Пецовци (2 к.) доселени се средината на XIX век од селото Грбовец; Ицовци (2 к.), доселени во средината на XIX век од прилепското село Радобил; Лаловци (1 к.), доселени во 1890 година од прилепското село Царевиќ; Цветковци (2 к.), доселени во 1911 година од селото Грбовец; Ѓоргевци (1 к.), доселени во 1913 година од прилепското село Никодин; Бечовци (2 к.), доселени во 1913 година од селото Грбовец; Мојановци-Божјаци (1 к.), доселени во 1915 година од селото Галиште.
- Македонски муслимански родови:
- Староседелци: Бектешовци (7 к.), Зулфери (2 к.), Османковци (6 к.), Аметовци (3 к.), Мујковци (2 к.), Мемедовци (3 к.), Ејуповци (1 к.), Идризовци (4 к.), Синановци (р.11 к.), Алиловци (3 к.), Бушовци (2 к.), Муратовци (1 к.), Селимовци (1 к.), Пиперковци (11 к.), Мастаковци (4 к.), Имер-Спаијовци (6 к.), Омеровци (2 к.), Хусовци (2 к.), Зеќировци (1 к.), Таквинчевци (1 к.), Митовци (5 к.), Кадичевци (1 к.), Асан-Спаијовци (2 к.), Пелиовци (1 к.), Иметовци (2 к.), Езаџијовци (1 к.), Јусуфовци (3 к.), Паковци (1 к.), Зурановци (1 к.), Хаџијовци (2 к.), Шеовци (2 к.), Јанузовци (1 к.), Камберовци (р.1 к.), Велијовци (1 к.), Глушчевци (1 к.), Сулејмановци (1 к.), Ибрајимовци (2 к.), Пашовци (4 к.), Чортевци (1 к.), Бекировци (4 к.), Беловци (1 к.), Мецковци (1 к.), Али-Еминовци (4 к.), Борупчетовци (1 к.), Еминовци (р.1 к.), Мемишовци (4 к.), Демировци (1 к.), Мулезимовци (1 к.), Јановци (1 к.), Елмаз-Муратовци (1 к.) и Саздовци (1 к.), последниот род бил последно исмамизиран.
- Доселеници: Пољаковци (7 к.), доселени се на почетокот на XVIII век од Дебарско. По доселувањето на основачот на овој род, започнала исламизацијата во селото Дреново; Муаџировци (1 к.), доселени се како мухаџири во 1878 година од околината на Врање во Србија; Адемовци (8 к.), доселени во 1884 година од селото Сирково; Сулејмановци (4 к.), доселени се во 1888 година од велешкото село Долно Чичево; Арифовци (1 к.), доселени се во 1898 година од селото Сирково; Мустафовци (1 к.), доселени во 1916 година од Кавадарци.
Иселеништво
По Втората светска војна, селото бележи константно намалување на бројот на населението.
Remove ads
Општествени установи
- Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци
- Пошта (1423)
- Детска градинка
- Амбуланта
- Детската градинка
- Основното училиште
- Поштата
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Дреново било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дреново, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Грбовец, Дебриште, Дреново и Драдња.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0695 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на младинскиот дом.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 468 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 485 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бекирова Чешма — некропола од доцноантичкото време;
- Валевица — сакарален објект и некропола од римското време;
- Врано Брдо - Утврдена населба — збег од римското време;
- Градиште - Деволград — населба од раноантичкото и римското време;
- Грамаѓе — населба од доцноантичкото време;
- Ѓупски Рид — населба од доцноримското време;
- Јачковец — населба и некропола од римското време;
- Картозов Рид — вила рустика од римското време;
- Колиби — населба од доцноантичкото време;
- Мутичански Дол — населба од доцноантичкото време;
- Пенур — некропола од доцноантичкото време;
- Питранец — вила рустика од доцноантичкото време;
- Св. Богородица — населба од римското време и средновековна некропола; и
- Скала — населба од римското време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Богородица“ (со некогашно име „Св. Димитриј“) — главна селска црква, потекнува од средниот век
- Споменици
- Споменик на НОБ
Remove ads
Редовни настани
- Слави[3]
- Спасовден — главна селска и црковна слава.
Личности
- Родени во Дреново
|
|
- Доселени во Дреново
- Трипун Марков (1898-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Ристо Марков (1900-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
- Добре Паризов (1905-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
- Славе Паризов (1906-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
- Анчо Митков (1919-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
- Павле Ристов (1922-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
- Дукадин Маневски (1915-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија
Remove ads
Галерија
- Автобуска постојка
- Детско игралиште
- Спортско игралиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads