ОУ „7 Март“ - Челопек

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „7 Март“ - Челопек
Remove ads

Основно училиште „7 Март“ (официјално: Основно општинско училиште „7 Марси“ - Челопек; скратено: ООУ „7 Марси“) — централно основно училиште во тетовското село Челопек, Општина Брвеница.[1]

Кратки факти

Училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март.

Remove ads

Местоположба

Училиштето се наоѓа во тетовското село Челопек.

Историја

Централното училиште било изградено во 1982 година,[2] а како посебно училиште било основано во 1985 година.[3]

Во минатото училиштето се викало Братство-Единство, за потоа да се преименува во Братство. Подоцна локалните Албанци поднеле барање за преименување до Министерството за образование. Предложеното име, инаку го одбележува Денот на албанските наставници, кој всушност е датумот на кој е отворено првото училиште на албански јазик во историјата.

Во текот на 2006 година, наставата била во прекин за македонските паралелки, бидејќи македонските ученици биле напаѓани и малтретирани од албанските ученици или група повозрасни жители (Албанци), поради што учениците и нивните родители ја бојкотирале наставата.[4]

Во 2008 година, во училиштето повторно имало бојкот, откако биле назначени двајца директори истовремено.[5]

Remove ads

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 33 паралелки, од кои 2 комбинирани.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads