Ограѓе (Горачино)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ограѓеархеолошко наоѓалиште во штипското село Горачино. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. Од левата страна на патот, пред самиот влез во селото, во нивите на четворица жители, со земјоделските работи биле откриени остатоци од темели на објекти. По целата површина, која зафаќа простор од 1 хектар, има фрагменти од тегули и кршен камен. Во северниот крај на теренот се гледаат темели од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Покрај нив се наоѓаат и денешните гробишта.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads