Горачино

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Горачиноmap
Remove ads

Горачино — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова мало село се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, од нејзината десна страна.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 500 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 26 километри.[2] Горачино се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај клучката со експресниот пат на А4.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Горачино било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Ограѓе, сместено пред самиот влез на селото.[3]

Мештаните наведуваат дека последниот Турчин се иселил во 1912 година.

За време на српската окупација од 1912 до 1941 година селото силно настрадало.[4] Во ова населено место селаните и тоа: старците, жените и децата, меѓу април 1914 и октомври 1915 година, биле тепани во три или четири наврати. Во пролетта 1915 година, бил одвлечен од српските четници и војници Данаил Стојанов, кој исчезнал. Постои сведоштво дека жив бил закопан (но овој податок не може да се смета за веродостоен и потврден).[4]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 269,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 126 хектари и на шумите 97,1 хектар.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]

Горачино е мало село, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 77 жители, а во 1994 година само 27 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 7 Македонци и 1 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Иселеништво

Најголем дел од населението има мигрирано во Штип, а помалку во Радовиш и Неготино.

Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Горачино било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Горачино се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Танатарци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Горачино — депо на монети од римското време; и
  • Ограѓе — населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола.
Цркви

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads