Озормиште

село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia

Озормиштеmap
Remove ads

Озормиште — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Долни Полог, на бреговите на реката Вардар. Селото е во непосредна близина на селото Палатица.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 84 христијани (Македонци) и 30 муслимани (Албанци).[2] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 64 жители христијани (Македонци).[3]

Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Шемшово и имало 9 куќи со 90 жители Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци, 50 Албанци и 50 Турци.[5]

Remove ads

Стопанство

Селото е рамничарско и главна стопанска гранка е земјоделството.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.219 жители, од кои 1.208 Албанци и 11 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 818 жители, од кои 2 Македонци, 806 Албанци и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2089 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 612 гласачи.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads