Палатица
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Палатица — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
За селото во Егејска Македонија, видете Палатица (Берско).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Долни Полог. Во близина на селото Палатица се наоѓаат селата Сараќино, Озормиште и Требош, со кое е скоро споено. Палатица е рамничарско село и е во близина на градот Тетово.
Историја
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Палатица живееле 16 жители, сите Македонци.[2]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Палатица — село во Шемшовска општина во Долнополошкиот срез и имало Албанци и Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година селото има 2.516 жители, од кои 6 Македонци, 2.501 Албанец, 1 Турчин и 8 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.432 жители, од кои 1.351 Албанец и 81 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи
- ОУ „Фан Ноли“ - Палатица — селското основно училиште.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2090, 2090/1, 2091 и 2091/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.772 гласачи.[11]
Личности
- Ќенан Алиу (р. 8 ноември 1966) - македонски политичар, портпарол на ПДП и градоначалник на Општина Желино.[12]
- Шеваљ Етхеми - познат како Командант Ваљони. Воен функционер на АРМ, поранешен командант на ОНА.[13]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads