Караш-Северин (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Караш-Северин (романски: Judeţul Caraş-Severin, унгарски: Krassó-Szörény megye) е округ во Романија, сместен во западниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Решица, а значајни градови се и Карансебеш, Нова Молдавија, Анина и Оравица.
Remove ads
Географија
Местоположба

Округот Караш-Северин е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Србија. Окружен е:
- на север со: Тимиш;
- на североисток со: Хунедоара;
- на исток со: Горж;
- на југоисток со: Мехединци.
Релјеф
Округот се наоѓа во историската област Банат. Најголем дел од неговата површина е покриена со Банатските планини, а на крајниот западен дел се наоѓа најисточниот дел на Панонската низина. Големо значење за округот има и реката Дунав, која е главен водотек во регионот и ја сочинува границата меѓу Романија и Србија.
Remove ads
Демографија
Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 88,2% од населението во округот, Ромите 2,4%, 1,9% се Хрвати, по 1,8% Германци и Срби, 1,7% Унгарци и 1% Украинци. Останатите 0,2% од населението се припадници на некоја друга националност.
Надворешни врски
![]() |
„Караш-Северин (округ)“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads