Олдзум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Олдзумmap
Remove ads

Олдзум (германски: Oldsum; фериншки: Olersem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Олдзум во рамките на округот Северна Фризија ...
Remove ads

Географија

Thumb
Вообичаена сламена куќа во Олдзум

Општината Олдзум се состои од три села: Олдзум, Клинтум (фериншки: Klantem) и Тофтум (фериншки: Taftem) кои се наоѓаат долж главниот пат на далечина од 2 километри. Бројот на население се движи околу 600. Знаменитост на општината се добро зачуваните сламени куќи, како и старата сламена ветерница, чиј претходник веројатно потекнува од 1700 година. Иако подоцна била запалена, била повторно изградена 200 години подоцна и ставена во употреба во 1954 година. Од 1972 година, ветерницата се користи како место за живеење. Олдзум се наоѓа два километри од западниот брег на островот. Олдзум се граничи со Зидеренде на југ, Дунзум на југозапад и Алкерзум и Мидлум на исток.

Remove ads

Историја

Олдзум бил првпат споменат во 1462 година као Улирзум (Uluersum).[2] Во текот на XVII и XVIII век, Олдзум, Клинтум и Тофтум биле важни села за китоловството. Пописот во 1787 година покажал дека трите места имале 961 жител, 211 од нив биле поморци.[3] Еден од најуспешните китоловци, Матијас Петерсен (1632–1706) живеел во Олдзум.

Како дел од Вестерланд Фер, Олдзум припаѓал на кралската енклава на Данска и со тоа директен дел од данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Кога Данска го загубила Шлезвиг од Прусија во Втората шлезвишка војна, Олдзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.

Remove ads

Економија

Со подемот на туризмот, земјоделството започнало да ја губи својата важност. Денес, постојат само неколку фармери. Некои фарми биле преместени од селото во 1950-тите и 1960-тите години денес се сместени надвор од него, но сè уште во рамките на општината. Олдзум доживеал трансформација од фармерско во уметничко село, бројни ателјеа и галерии се отвориле во селото.

Познати луѓе

  • Матијас Петерзен — китоловец
  • Хинрих Брарен — поморски истражувач
  • Олуф Брарен — сликар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads