Оморански манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оморански манастир — манастир во велешкото село Оморани, сместен над селото.
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа под врвот Корнорог, на планината Мукос, и до него води земјен пат, кој започнува од селото Оморани.
Манастирот е сместен во шумски предел и е оддалечен околу еден час пеш од селото Оморани.[1]
Историја
Нема писмени извори за настанокот на манастирот. Се знае дека бил уништен во османлиско време, а потоа обновен.[2]
Георги Трајчев претпоставува дека е основан во 1807 година, но во Слепченскиот поменик, напишан некаде по 1573 година, се споменува јеромонах Мина од Хоморан, што дава повод да се смета дека манастирот е многу постар.[3][4]
Јован Трифуноски забележал дека за манастирот до 1966 година се грижел монах, кој тогаш бил уапсен. Потоа, манастирот се запустел, особено неговите конаци.[1]
Во 2024 година, манастирот бил под закана од шумски пожар.[5]
Remove ads
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, конаци, камбанарија, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Никола“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Никола, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
- Конак
- Чешма
- Чешма
- Помошен објект
- Конак
- Трпезарија
- Влезот во манастирот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads