Опаја
поранешно село во Преспа, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Опаја или Опаа (грчки: Οπάγια, Опаја) — поранешно преспанско село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Селото се распаднало уште пред Балканските војни заради надојдените води[1].
Remove ads
Географија и местоположба
Дреново е сместено на североисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, меѓу селата Штрково, Медово и Рудари. Селото се наоѓа на надморска висина од 993 м. Атарот на селото влегува во составот на општината Штрково.
Топоними
Ова е список на позначајните топоними во Опаја и околината:[2]
Бакојца, Градината, Келепурица, Короите, Корубина, Матица, Маторица, Орман, Патреа Чезма, Перово, Ракидје, Реката, Свети Никола, Сињак, Слого.
Remove ads
Историја
Селото се раселило пред Балканските војни заради надојдените води. Неговите жители се преселиле во соседните села Штрково и Рудари[1].
Демографија
На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 60 жители, а имало 15 македонски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опаа се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads