Општина Бовец

општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Бовецmap
Remove ads

Општина Бовец (словенечки: Občina Bovec) — општина во северозападна Словенија. Седиште на општината е населбата Бовец. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 3.073 жители.[2]

Кратки факти Општина Бовец Občina Bovec, Земја ...
Remove ads

Населени места

Покрај општинското седиште Бовец, општината ги опфаќа и следните населени места:

Географија

Северниот дел на општината се издига над долината Трента до врвовите на планините Мангарт, Јаловец и Триглав — сите сместени во Националниот парк Триглав (но не и самиот Бовец). Во Општина Бовец се наоѓаат двата најважни планински превоја на Јулиските Алпи: превојот Предел на словенечко-италијанската граница на северозапад и превојот Вршич на североисток, кој ја поврзува со долината на Соча со Крањска Гора во соседниот регион Горењска. На југозапад превојот Учја го поврзува Бовец со долината Резија во Италија.

Remove ads

Туризам

Во општината има неколку природни знаменитости како што е изворот на Соча, гоолемиот водопад Бока (висок 106 м), скијалиштето „Канин“ и долината Трента поврзани со Бовец преку планинарска патека. Tуризмот е мошне развиен; во Бовец има бројни сместувачки капацитети и слетувалиште за полесни воздухоплови.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads