Триглав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Триглав (словенечки: Triglav; германски: Terglau; италијански: Tricorno) ― највисок планински врв на Јулиските Алпи, во северозападниот дел на Словенија. Неговата височина изнесува 2.863.65 метри.[1][notes 1] Врвот е најистакнат симбол на словенечкиот народ. Тој е средиштниот дел на Националниот парк Триглав, единствениот национален парк во Словенија. Триглав бил и највисокиот врв во Југославија пред независноста на Словенија во 1991 година.
За други значења на поимот, погл. Триглав (појаснување).
Remove ads
Име
За планината низ историјата биле користени различни имиња. Една стара карта од 1567 година ја именувала како Окра монс (Ocra mons), додека Јанез Вајхард фон Валвазор ја нарекол Крма во втората половина на 17 век.[2] Според германскиот планинар и професор Адолф Гштирнер, името „Триглав“ првпат се појавило во пишаните извори како „Терглау“ во 1452 година, но првичниот извор е изгубен.[3] Следната позната појава на „Терглау“ ја наведува Гштирнер и е од судскиот опис на границата во 1573 година.[4] Раните облици на името „Триглав“ исто така се „Терглау“ во 1612 година, „Терглу“ во 1664 година и „Терклу“ околу 1778-1789 година. Името е изведено од кованицата „*Три-голвъ“ (буквално „три глави“ - т.е. „три врвови“), што може да се разбере буквално затоа што планината има три врва кога се гледа од голем дел од Горењска. Малку е веројатно дека името има некаква врска со словенското божество Триглав.[5] Во местниот дијалект, името се изговара [tərˈgwɔu̯] (со второслог нагласок, како да е напишано Трглов, со темно „л“ доживувајќи вокализација) за разлика од стандардниот словенечки „Триглав“.[6] Највисокиот врв понекогаш е нарекуван и Голем Триглав (словенечки: Велики Триглав)[7] да се разликува од Мал Триглав[8] (Мали Триглав, 2,738 м веднаш на исток.
Remove ads
Историја
Првото регистрирано искачување на Триглав било постигнато во 1778 година, на иницијатива на индустријалецот и полимат Зигмунд Зојс.[9] Според најчесто цитираниот извештај, објавен во весникот Illyrisches Blatt (Илирски лист) во 1821 година од историчарот и географ Јохан Рихтер, тој бил хирургот Ловренц Виломицер (напишано како „Вилоницер“ од Рихтер), ловецот на дивокози Стефан Рожич и рударите Лука Корошец и Матевж Кос. Според извештајот на Балтазар Аке во неговата Крањска ориктографија (изворно: Oryctographia Carniolica), ова се случило кон крајот на 1778 година, од двајца ловци на дивокоза, од кои едниот е Лука Корошец и еден од неговите поранешни студенти, чие име не се споменува.[10]
Висината на Триглав првпат била измерена на 23 септември 1808 година од Валентин Станич.[10] Првиот што го ставил името на планината на карта, напишана како Монс Терглоу (Mons Terglou), бил Јоанес Дизма Флоријантсшич де Гринфелд, кој во 1744 година ја објавил картата Хронографска табела на Војдовството Крањска (латински: Ducatus Carniolae Tabula Chorographica).[11] Првата карта со името „Триглав“ била „Карта на словенечките земји и провинции“ (словенечки: Zemljovid Slovenske dežele in projacin) од Петер Кослер, завршена од 1848 до 1852 година и објавена во Виена во 1861 година.[12]
За време на Втората светска војна, Триглав симболично го освоил главниот погон на словенечкиот отпор кон италијанските и германските војски.[13] Словенечките партизани носеле капа т.н. триглавка од 1942 година до по 1944 година.[14]
Триглав бил највисокиот врв на сега непостоечката Југославија; тој бил највисокиот и најистакнат врв на двете земји и заедно со јужната река Вардар (сега во независна Македонија), биле симбол на југословенското „братство и единство“.
Remove ads
Културно значење
Народна книжевност
Областа на Триглав е сценографијата на една стара словенечка народна приказна за ловец кој бара богатство чувано од маѓепсана машка дивокоза по име Златорог, односно по неговите златни рогови).
Државен симбол


Стилизираниот приказ на препознатливиот облик на Триглав е средиштниот елемент на грбот на Словенија, дизајниран од вајарот Марко Погачник, а за возврат е прикажан на знамето на Словенија.[15] Покрај Македонија, Сан Марино и Словачка, Словенија е единствената друга земја во Европа и една од ретките во светот што има планина на својот грб.[16] Порано бил прикажан на грбот на Социјалистичка Република Словенија.
Првиот што го претставил Триглав како симбол на Словенците бил архитектот Јоже Плечник, кој во 1934 година го ставил покрај другите грбови на народите на Кралството Југославија на грбот на статуа на Богородица пред парохиската црква во Блед.[16]
За време на Втората светска војна, стилизираниот Триглав бил симбол на движењето на отпорот Ослободителен фронт на словенечкиот народ.[16] Карактеристичните капи со три врва што ги носеле Словенечките партизани за време на борбите во словенечките земји, биле познати како триглавки.
Релјефна карта на планината е дизајнот на националната страна на словенечката 50 евроценти.
Поранешниот словенечки претседател Милан Кучан еднаш изјавил дека е должност на секој Словенец да се искачи на Триглав барем еднаш во животот.
Денес е дел и симбол на Триглавскиот национален парк (Triglavski narodni park).
Поврзано
- Долина на Триглавските Езера
- Јулиски Алпи
Забелешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads